Црква „Свети Димитар“, Бобошево
Друг исклучително вреден споменик и омилено место за рекреација е црквата „Свети Димитар“, која се наоѓа на неколку километри од Бобошево. Изградена во 9-11 век, денес малата црква е /span>обновена и прогласена за културен споменик од национално значење.
Иако е мала по големина, во неа можете да најдете уникатни фрески, придружени со ктиторски натпис кои датираат од 1488 година. Важноста на црквата и нејзиното влијание врз христијанството во регионот е потврдено и од фактот дека иконите од нејзиниот иконостас се чуваат во катедралата „Свети Александар Невски“ во главниот град.
Во 1864 година бил додаден трем за да се заштити црквата од влијанието на времето, а во минатото тоа било местото каде се изведувале разни црковни обреди.
На само неколку метри од црквата била зградата на манастирот. Местото денес е облагородено и можете да си направите пикник во одредениот за таа цел дел. Природата во областа зрачи спокојство и можете да поминете извонреден ден со одличен поглед на долината околу Бобошево, а во далечината да се издига и величествената Рила.
Прошетка од 360 степени
Истражете ја Црква „Свети Димитар“
Истражување
Посетете ги другите културни и историски места во регионот
Изјава за содржина
Важно: Овоj виртуелен тур е направено со помош на Европската Унија преку Interreg – ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија- поранешна југословенска Република Македонија CCI No 2014TC16I5CB006. Содржината на турот е одговорност единствено на Комора за економија и индустрија од Ќустендил и на никаков начин не треба да се толкува како став на Европската Унија или на Управувачкиот орган на Програмата.
Изјава за кофинансирање
Проектот е кофинансиран од страна на Европската Унија преку Interreg – ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија- поранешна југословенска Република Македонија CCI No. 2014TC16I5CB006